Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Тори Спелинг го покажа ПЕТТОТО дете во семејна фотосесија

ФОТО: Тори Спелинг го покажа ПЕТТОТО дете во семејна фотосесија

Тори Спелинг и Дин Мекдермот го претставија пред светот најмалиот член на нивното семејство.

Славните актери снимија семејна фотосесија за People заедно со своите пет деца.

Тори Спелинг со семејството

43-годишната актерка, која кај нас се прослави со улогата на Дона во хит серијата „Беверли Хилс, 90210“, на 2 март го донесе на свет синчето Бо Дин Мекдермот.

Тори Спелинг со семејството

„Заборавав колку многу сакам да сум бремена. Го сакам поврзувањето. Никогаш не си сама“ – изјавила Тори.

Тори Спелинг со семејството

Спелинг и 50-годишниот Мекдермот заедно имаат уште два сина и две ќерки – 10-годишниот Лијам, 8-годишната Стела, 5-годишната Хети и 4-годишниот Фин. Дин има и 18-годишен син од својот претходен брак.

Тори Спелинг со семејството

Кога ја откри веста за својата бременост, Спелинг призна дека бебето било големо изненадување за нив. „Беше огромно изненадување. Но, ние отсекогаш посакувавме големо семејство. Многу сум возбудена“ – рекла Спелинг.

„Ова бебе дојде во најдоброто време. Ништо не е совршено, но јас сум лудо вљубена во мојот сопруг и во нашите деца. Идејата да го прошириме семејството е вистински благослов“ – додала таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11812 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.