Малата Харпер дефинитивно ја буди нежната страна на Дејвид Бекам. Нивното често дружење секогаш резултира со слатки фотографии.


38-годишниот фудбалер и 2-годишната ќеркичка биле фотографирани додека се релаксирале со шопинг во Лос Анџелес. На фотографиите Дејвид нежно го бакнува малото девојче.


Дуото татко-ќерка редовно ужива во заеднички прошетки, но и во посета на спортски натпревари. Тие се и редовни гости на модните ревии на Викторија.






