Селма Хајек ја понесе со себе ќеркичката Валентина на премиерата на својот најнов филмски проект „The Prophet“.
На филмското прикажување во Лос Анџелес, 48-годишната актерка се појави во црн фустан од брендот Баленсијага кој дискретно го разголуваше нејзиното деколте. Стилскиот избор Хајек го надополни со сандали од модната куќа Гучи.
Хајек со ќерка си Валентина и мајка си Дијана Хименез Медина
Валентина е единственото дете на Селма Хајек и нејзиниот сопруг Франсоа-Анри Пино.
Селма Хајек со сопругот Франсоа-Анри Пино
На премиерата присуствуваше и Ева Лонгорија. Славната актерка зачекори на црвениот тепих во фустан во кралско сина боја кој ги оцртуваше нејзините облини.
Анимираниот филм „The Prophet“ е режиран од режисерот на „The Lion King“, Роџер Алерс.
