Талија синоќа присуствуваше на балот МЕТ, а беше придружувана од својот 67-годишен сопруг Томи Мотола.
45-годишната мексиканска актерка и пејачка, која кај нас се прослави со главната улога во теленовелата „Росалинда“, шармираше во светкав црн фустан со пулејки од Томи Хилфигер. Својот изглед, Талија го надополни со накит од Лорејн Шварц и вечерна чанта од Џудит Либер.
На својот профил на Instagram, младоликата ѕвезда сподели два албуми и две фотографии од настанот.