Во недела ќе се одржи 65. по ред избор за „Мис Универзум“ на кој ќе учествуваат 86 убавици од целиот свет.
Неколку дена пред крунисувањето на најубавата мисица, се одржа ревија на која натпреварувачките дефилираа во раскошни и уникатни костими кои прикажуваат одредена специфика на земјата од која доаѓаат.
Пердуви, крилја и циркони кои потсетуваа на костимите на ангелите на Victoria’s Secret ја преплавија сцената во „Mall of Asia Arena“ во Манила, Филипини. Погледнете ги екстравагантните костими на мисиците: