Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Принцот Вилијам и војвотката Кетрин се забавуваат со двете мали деца на зимски одмор

ФОТО: Принцот Вилијам и војвотката Кетрин се забавуваат со двете мали деца на зимски одмор

Принцот Вилијам и војвотката Кетрин уживаат во семејните моменти со своите две деца. Среќните родители се забавуваа со малата принцеза Шарлот и принцот Џорџ на својот прв одмор како четиричлено семејство.

Фотографиите на кои кралското семејство си игра во снегот беа објавени на Twitter профилот на Кенсингтонската палата.

Фотографот Џон Стилвел бил поканет да ги овековечи нивните забавни моменти.

Принцот Вилијам и Војвотката Кетрин со децата Принцот Вилијам и Војвотката Кетрин со децата

„Ова беше првиот нивен одмор како четиричлено семејство и првпат нивните деца да си играат во снегот. Тоа беше навистина специјален и забавен краток одмор за семејството и тие се благодарни што Џон Стилвел ги долови моментите толку добро“ – изјавил претставник од Кенсингтонската палата.

Принцот Вилијам и Војвотката Кетрин со децата Принцот Вилијам и Војвотката Кетрин со децата Принцот Вилијам и Војвотката Кетрин со децата Принцот Вилијам и Војвотката Кетрин со децата

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11427 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.