Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Погледнете ја новата Саманта Џоунс од „Сексот и градот“

ФОТО: Погледнете ја новата Саманта Џоунс од „Сексот и градот“

Саманта Џоунс е можеби најколоритниот лик од популарната серија „Сексот и градот“. Ким Катрал, која долги години ја популаризираше незапирливата заводничка Саманта, сега доби своја наследничка.

Линдзи Горт е избрана да ја глуми младата Саманта во новата серија „The Carrie Diaries“. Објавена е и првата фотографија од Линдзи како Саманта во младоста.

Линдзи Горт како младата СамантаЛиндзи Горт како младата Саманта

По објавувањето на веста, Катрал преку Twitter ѝ се обратила на Линдзи со пораката: „Многу сум среќна што ти ќе ја глумиш Бестрашната Сем! Клучот до неа е нејзиното срце. Таа никогаш не ги суди оние што ги сака.“

Ким Катрал како СамантаКим Катрал како Саманта Четирите хероини од „Сексот и градот“Четирите хероини од „Сексот и градот“

Линдзи ќе ѝ се придружи на АнаСофија (новата Кери Бредшо) во серијата која го опишува животот на Кери во 80-тите години, односно годините пред „Сексот и градот“.

АнаСофија во улогата на КериАнаСофија во улогата на Кери

Продуцентите изјавиле дека младата Кери ќе се запознае со младата Саманта во втората сезона на серијата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9460 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.