Кејт Кесиди сè уште тагува по својот сакан Лиам Пејн кој почина по пад од балкон на хотел во Аргентина.
26-годишната блогерка сподели фотографии со пејачот за да одбележи 8 месеци од неговата смрт. Кејт 2 години беше во врска со Лиам, кој планирал да се ожени со неа.


На денешен ден, пред 8 месеци, го загубив мојот најдобар пријател со кого мислев дека имам да споделам уште многу време и живот.
Лиам беше тип на личност која почнуваше да ми недостасува во моментот кога ќе излезев низ вратата. Дури и кога ќе ја напуштав куќата на неколку часа, со возбуда брзав дома за повторно да бидам со него.
Сега, тешко ми е да се соочам со реалноста дека постојано ми недостигаш...
Ме боли тоа што знам дека не можам само да се вратам дома и да те видам, да го слушнам твојот глас или да ја почувствувам твојата прегратка.
Не можам да кажам дали животот лета без тебе или се движи толку бавно, што ништо од тоа нема целосна смисла. Но, се обидувам да го живеам мојот живот најдобро што можам засега и да го живеам за тебе. Ми недостигаш повеќе отколку што можат да опишат зборовите.
Еден ден, ќе те видам повторно и ќе имам толку многу да ти кажам. Толку многу да надоместам.
Те сакам, ангелу мој.


Кејт беше со Лиам во Аргентина, но се врати во САД два дена пред неговата смрт. Тие престојуваа во Буенос Аирес за концертот на поранешниот колега од One Direction, Најл Хоран. Парот требало да престојува таму само 4 дена, но Лиам одлучил да го продолжат престојот.
„Посакувам да останев“ – рекла Кејт во првото интервју по смртта.
„Со зависностите, никогаш не знаеш кога ќе се појават. Тоа е многу сериозен проблем кој мислам дека е потценет и за кој малку се зборува... Да можев да ја предвидам иднината, никогаш немаше да ја напуштам Аргентина“ – додаде таа.
