Александар Сорос и Хума Абедин стапија во брак.
39-годишниот син и наследник на Џорџ Сорос се заколна на вечна љубов со помошничката на Хилари Клинтон. Луксузната свадбена церемонија се одржа во Саутхемптон, а свадбените фотографии ги објави „Вог“.
48-годишната невеста промени две креации, од кои едната била инспирирана од Одри Хепберн, а скроена специјално за неа од Сара Бартон за Живанши.





Хума беше испратена до олтарот од нејзиниот син, кој го има со првиот сопруг.


Вториот фустан бил дизајниран од Ердем.


На листата со гости на среќните младенци се најдоа и бројни политичари и славни личности. Еди Рама, Бил и Хилари Клинтон, Камала Харис, Ана Винтур, Џими Кимел, Сиена Милер, Џенифер Лоренс, Адриен Броди и Џорџина Чапман... се само дел од гостите кои беа на свадбата.






Александар и Хума се запознаа во октомври 2023 година на забава организирана од Ники Хилтон. Следната година се верија во нивниот апартман во Менхетн.
