Почетна » Новости » Актуелно » Сѐ на мјут-освен јас: Втората епизода од dm поткастот нѐ поттикнува да го слушнеме гласот на внатрешната убавина

Сѐ на мјут-освен јас: Втората епизода од dm поткастот нѐ поттикнува да го слушнеме гласот на внатрешната убавина

Во новата епизода на dm поткастот „Женски Ритам“, dm ве повикува на патување во светот на внатрешната убавина и самопочитта. Со насловот „Сѐ на мјут - освен јас“, оваа епизода ќе ги истражи стандардите на убавина кои често се погласни од нашите сопствени гласови, оставајќи ги нашите внатрешни светла да блескаат во сенка.

dm

Слушателите ќе имаат можност да се запознаат со две неверојатни жени, кои со своите искуства и мудрост ќе ги инспирираат да се вратат кон својата природна убавина и благосостојба: Татјана Алексиќ, професорка во гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин и Тиана Ивановска, психолог и Гешталт психотерапевт, основачка на „Себесложувалка“

Оваа епизода не е само разговор. Тоа е повик за акција, повик за сите жени да се ослободат од стереотипите и да ја прегрнат својата автентичност. Не пропуштајте ја оваа инспиративна дискусија, која ќе ве поттикне да размислите за вашата сопствена убавина и да се запрашате: „Која сум јас, кога сѐ е на мјут?“

На YouTube каналот на dm може да ги погледнете сите епизоди од втората сезона на поткастот!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26556 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.