Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Отворањето на „Браќа Манаки“ со „Трето полувреме“

ФОТО: Отворањето на „Браќа Манаки“ со „Трето полувреме“

Филмската треска е во полн ек во градот на конзулите. Странските и домашните гости на 33. издание на Интернационалниот фестивал „Браќа Манаки“ секојдневно уживаат во многубројните филмски проекции, работилници, семинари, дебатни сесии и изложби.

На еден ден пред затворањето на фестивалот евидентно е дека интересот на публиката ниту малку не спласнува. Сите се во очекување на премиерата на македонскиот филм „Балканот не е мртов“ со кој ќе се одбележи затворањето на фестивалот.

Тоа е втор македонски филм којшто во рамките на „Браќа Манаки“ ќе ја доживее својата премиера. На големото отворање за првпат беше прикажан долгоочекуваниот филм „Трето полувреме“.

Изминатава сабота на црвениот килим се појави целата екипа на „Трето полувреме“, а исто така и добитниците на „Златна камера 300“, Кетрин Денев и Кристијан Бергер. Бројни гости од Македонија и светот придонесоа за еуфоричната атмосфера на почетокот на фестивалот.

На свеченоста, претседателот Ѓорге Иванов ѝ ја додели на Кетрин Денев специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност, а „Златна камера 300“ му беше врачена и на австрискиот кинематографер Христијан Бергер.

Погледнете фотографии од црвениот килим и отворањето на фестивалот:

Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“ Отворањето на „Браќа Манаки“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11131 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.