Рики Мартин си купи нов стан во срцето на елитната населба Upper East Side во Њујорк. 40-годишниот пејач платил 5,9 милиони долари за стан од речиси 300m2.
Рики заедно со долгогодишниот партнер Карлос Гонзалес Абела и близначињата Матео и Валентино ќе уживаат во добро осветлен стан со 4 спални соби и 4 бањи.






Станот со прекрасен поглед се наоѓа во луксузна зграда со фитнес сала, голф симулатор и кино сала за 40 души.






