Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Новак и Јелена Ѓоковиќ на прошетка во Западен Холивуд

ФОТО: Новак и Јелена Ѓоковиќ на прошетка во Западен Холивуд

Новак и Јелена Ѓоковиќ влегоа во радарот на неуморните папараци во Западен Холивуд. Популарниот пар беше фотографиран во лежерно издание за време на прошетка со своите две кучиња.

Новак и Јелена Ѓоковиќ Новак и Јелена Ѓоковиќ Новак и Јелена Ѓоковиќ Новак и Јелена Ѓоковиќ Новак и Јелена Ѓоковиќ

Успешниот тенисер деновиве го привлекува вниманието на своите фанови со фотографии на кои игра балет со својата сопруга. Откако ги сподели фотографиите на социјалните мрежи, Новак привлече многу пофалби за своето ново хоби, а неговата сакана привлече многу комплименти за убавата фигура.

Новак и Јелена Ѓоковиќ

Јелена се породи во октомври минатата година. Првото дете на парот го доби името Стефан.

Кога Новак не е на теренот, главна преокупација му е неговата фондација која ја раководи Јелена. Пред една недела тој посети едно од многуте училишта кои се реновирани благодарение на средства донирани од Фондацијата Новак Ѓоковиќ.

„Верувам дека развојот во раното детство е од суштинска важност за децата. Затоа, една од нашите цели е да се подигне свеста за важноста на предучилишните програми“ – рекол 27-годишниот спортист.

Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ

Фондацијата со години им обезбедува подобар живот и образование на мали деца во Србија, кои поради какви било околности не добиле можност за здраво и нормално детство.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9479 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.