Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Натали Портман елегантна на премиера во Торонто

ФОТО: Натали Портман елегантна на премиера во Торонто

Натали Портман присуствуваше на премиерата на својот најнов филм „A Tale of Love and Darkness“ на Интернационалниот филмски фестивал во Торонто. Покрај тоа што ја има главната улога, Портман е и режисер и сценарист на израелскиот филм.

34-годишната актерка шармираше во елегантен бежов фустан од Lanvin. Нежната креација таа ја искомбинира со обувки Bally и накит од луксузниот бренд Tiffany & Co.

Натали Портман Натали Портман Натали Портман Натали Портман Натали Портман Натали Портман

Портман присуствуваше и на хуманитарен настан во рамките на фестивалот.

На свеченоста таа се појави во цветен фустан од есенската колекција висока мода на Кристијан Диор. Портман веќе пет години е заштитно лице на Диор, па не е чудно што и обувките и чантичката кои ги носи популарната Израелка, исто така, доаѓаат од француската модна куќа.

Натали Портман Натали Портман

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11609 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.