Анџелина Џоли води жесток судски спор за старателство и алиментација со поранешниот сопруг Бред Пит. Но, убавата актерка не дозволува проблемите да ѝ ги уништат моментите со децата и деновиве често е фотографирана како ужива во излегувањата со нив.
Вчера, 43-годишната ѕвезда од „Maleficent“ беше фотографирана насмеана и среќна на шопинг со 13-годишната Захара и 12-годишната Шајло. Џоли беше облечена во црн фустан, кој го надополни со кремови салонки.











Пред три дена Анџелина беше фотографирана со четири од нејзините деца додека се упатуваа на кино во Лос Анџелес.








