Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Анџелина Џоли со три од своите деца на пазарување во екот на судскиот конфликт со Бред Пит

Анџелина Џоли со три од своите деца на пазарување во екот на судскиот конфликт со Бред Пит

Анџелина Џоли и Бред Пит се во центарот на комплициран судски процес за развод и дефинирање на старателството над шесте деца. Имено, 43-годишната актерка беше законски принудена да се врати од Англија во Лос Анџелес за Бред Пит да може да ги посетува децата.

По враќањето во Калифорнија, Џоли беше уловена од папараците по пазарување во супермаркет заедно со Захара и близнаците Вивиен и Нокс.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Наместо да се движи кон крајот, разводот на Џоли и Пит станува сè подраматичен. Откако беше обелоденето дека Џоли на суд го обвинува Пит дека не плаќа „доволно издршка за децата“, нејзината адвокатка изјави: „Пит е должен да плаќа издршка за децата. До денес, нема платено доволно издршка.“

Тимот на Бред возврати со обвинување дека славната актерка ги манипулира медиумите и прикажува искривена слика. Преку својот адвокат, 54-годишниот актер објави дека ѝ позајмил на Џоли 8 милиони долари за да ја купи куќата во која моментално живее со децата и дека платил 1,3 милиони долари за трошоците околу малолетните деца.

Не помина долго време пред тимот на Џоли да даде коментар дека „заем е заем, а не издршка за децата“. Адвокатката на Џоли појасни и дека таа си стои на зборот дека ќе го отплати заемот и дека засега плаќа камата за истиот.

Преку ново соопштение, адвокатката на Џоли даде нивно објаснување на ситуацијата: „Она што беше поднесено на суд денес од страна на Бред е блед обид за прикривање на вистината и одвлекување на вниманието од фактот што тој не ги има исполнето неговите законски должности за издршка на децата.“

Анџелина Џоли

„По инцидентот во септември 2016 година, Анџелина и децата имаа потреба да се иселат од семејниот дом, кој Бред одлучи да го задржи, вклучително и сè што имаше во него.“

„Од Бред беше побарано да помогне за трошоците за новиот дом на Анџелина. Тој ѝ позајми на Анџелина пари, за кои ѝ наплаќа камата. Заемот не е издршка и неточно e да се прикажува како таков. Џоли бара Бред да плати 50% од трошоците за децата. Во изминативе две години, Анџелина ги носеше на свој грб најголем дел од трошоците без негов придонес. Издршката за децата не е опционална во Калифорнија.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11996 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.