Стапувањето во брак на Пјер Казираги и Беатриче Боромео беше одбележано со неколку гламурозни прослави.
27-годишниот син на принцезата Каролина и внук на Грејс Кели и принцот Рение Трети се ожени со аристократката Беатриче Боромео во градината на палатата на принцот Алберт од Монако.
За првата свеченост, Беатриче избра нежен розов фустан од модната куќа Валентино. Фустанот е дело на дизајнерското дуо составено од Марија Грација Киури и Пјер Паоло Пичоли.
Религиозната церемонија се одржа во Италија, на имотот на семејството Боромео на Езеро Маџоре. Џорџо Армани беше заслужен за беспрекорниот изглед на елегантната невеста. И двете префинети креации од втората венчавка ги потпишува италијанскиот креатор.
На свечената прослава присуствуваа многу славни лица. Лана Дел Деј се појави со своето момче Франческо Кароцини и неговата мајка Франка Соцани, уредничката на италијанскиот „Вог“. Меѓу гостите беа и Ева Херцигова, Ана Беатриз Барос, Џована Батаља и многу припадници на европските кралски семејства.