Бујните шишки кои ги прекриваат веѓите се огромен хит и многу ѕвезди со задоволство ги вклопија во својот имиџ. Најновата следбеничка на овој тренд е Ким Кардашијан.
32-годишната ТВ ѕвезда покажа нова пократка слоевита фризура со кратки шишки.

Фризурата е дело на омилениот фризер на славните Крис МекМилан, кој е одговорен за популарната фризура „Рејчел“ на Џенифер Анистон и за кратката фризура на Мајли Сајрус.

Кратко време откако Ким се пофали со новиот изглед на Instagram, таа беше забележана на аеродром во Лос Анџелес, каде привлече огромно внимание.




Кратките шишки се популарен тренд, прифатен од многу славни дами како Бијонсе и Бритни Спирс.

