Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Како изгледале Адријана Лима и Алесандра Амбросио пред 13 години?

ФОТО: Како изгледале Адријана Лима и Алесандра Амбросио пред 13 години?

Ангелите наскоро ќе ги видиме во ново светло на претстојното шоу на Victoria’s Secret. Меѓу нив со сигурност ќе бидат Адријана Лима и Алесандра Амбросио, кои повеќе од десет години се дел од гламурозните ревии на познатиот бренд.

Амбросио сподели фотографија од дружбата со Лима на својата прва ревија за VS во 2000 г. Додека 18-годишната Адријана е лесно препознатлива на фотографијата, 19-годишната Алесандра изгледа многу поразлично.

Лима и Амбросио во 2000 г.Лима и Амбросио во 2000 г. Алесандра на шоуто во 2000 г.Алесандра на ревијата на VS во 2000 г. Алесандра АмбросиоАлесандра во 2000 г. и во 2012 г. Адријана ЛимаЛима на ревијата во 2000 г. Адријана ЛимаЛима во 2000 г. и во 2012 г. (само два месеца по раѓањето на втората ќерка)

Адријана, ангелот со најдолг стаж, интензивно се подготвува за шоуто. Привлечната Бразилка објави фотографија на која го покажува својот природен изглед по напорен тренинг.

Адријана ЛимаЛима со природен изглед по напорен тренинг

Лима беше фотографирана во Њујорк, каде престојува поради подготовките за големото шоу кое ќе се снима следната недела.

Адријана ЛимаАдријана во Њујорк

Ревиите на VS денес изгледаат многу погламурозно отколку пред 13 години. Погледнете ја ревијата од 2000 г.:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10263 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.