Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Домот на Жизел Бундхен и Том Брејди кој чини 20 милиони долари

ФОТО: Домот на Жизел Бундхен и Том Брејди кој чини 20 милиони долари

Жизел Бундхен и нејзиниот сопруг Том Брејди секоја година заработуваат милиони и милиони долари, па кога станува збор за градењето на семеен дом, парот го прескокна штедењето.

Најплатениот модел на светот и успешниот спортист изградија огромна куќа во Брентвуд, Лос Анџелес, која чини 20 милиони долари. За време на неколкугодишното градење биле користени колку што е возможно повеќе еко материјали, а целиот процес се одвивал со особено внимание и почит кон животната средина.

Финалниот резултат го краси најновото издание на списанието Architectural Digest. Куќата од 1.300m2 има 6 спални соби, огромна соба за вежбање и максимално опремена кујна. Во ентериерот преовладуваат неутрални бои, „разбиени“ со зелени и сини акценти. На една од фотографиите е прикажан плакарот на модната ѕвезда.

„Сакам едноставност и удобност. Сакам да живеам во место кое го чувствувам како вистински дом, каде можеш да си ги кренеш нозете на каучот и едноставно да се релаксираш“ – изјавила Жизел.

Во дворот на големиот имот има базен, како и градина со овошје и зеленчук.

Домот на Жизел Домот на Жизел Домот на Жизел Домот на Жизел Домот на Жизел Домот на Жизел Домот на Жизел Домот на Жизел Домот на Жизел Домот на Жизел Домот на Жизел Домот на Жизел Домот на Жизел Домот на Жизел Домот на Жизел Домот на Жизел Домот на Жизел Домот на Жизел Том и Жизел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11610 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.