Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Жизел Бундхен и Том Брејди – најплатен селебрити пар

Жизел Бундхен и Том Брејди – најплатен селебрити пар

Бијонсе и Џеј-Зи се симнати од врвот на листата на селебрити парови со најголема заработувачка според Форбс.

На нивно место дојдоа Жизел Бундхен и нејзиниот сопруг Том Брејди, кои во периодот од мај 2010 до мај 2011 успеале да кешираат дури 76 милиони долари. Најголемиот дел од нивното богатство го донела Жизел, која заработила солидни 46 милиони долари. Со ова, долгоногата манекенка е на уште еден чекор поблиску до тоа да стане првиот модел кој заработил милијарда долари.

Том Брејди и Жизел БундхенТом Брејди и Жизел Бундхен

Музичкиот пар Бијонсе и Џеј-Зи застана на второто место со заработени 72 милиони долари, од кои 35 милиони доаѓаат од бизнисите на Бијонсе.

Третото место е за славниот пар наречен Бранџелина. Од 50 милиони долари колку што заработиле заедно, Анџелина Џоли заработила 30, а Бред Пит 20.

На четвртото место се наоѓаат Бекамови со заработени 45 милиони долари, од кои 40 милиони заработил Дејвид, а 5 милиони неговата сопруга, Викторија.

Неочекувано, петтото место на листата им припадна на Кристен Стјуарт и Роберт Патинсон. Двајцата актери заработиле по 20 милиони долари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11460 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.