Почетна » Новости » Актуелно » Битолчанецот Здравко Стојмиров со награда за Најдобар актер на Фестивалот на монодрама во Албанија

Битолчанецот Здравко Стојмиров со награда за Најдобар актер на Фестивалот на монодрама во Албанија

На 21-то издание на Меѓународниот фестивал на монодрама „АЛБА МОНО“ кое оваа година е се одржуваше од 23. до 30. јуни во Поградец, Албанија, актерот Здравко Стојмиров ја освои наградата за најдобар актер.

Имено тој ја изведе претставата „Фетишист“, по Мишел Турние, а во негова режија, во продукција на Битолскиот театар.

Здравко Стојмиров Здравко Стојмиров Здравко Стојмиров

Интернационалното жири беше составено од Азура Де Грегорио, Ана Мариани и Клајди Малелари.

За најдобра актерка беше прогласена Данијела Поповиќ - „Театар 86“ Њујорк – САД, наградата за најдобар режисер ја доби Димитрис Карацијас - Vault Theatre Plus, Атина - Грција. ГРАН ПРИ доби претставата „Димитер Оргочка“ - Проект на Палина Дабраволскаја, Белорусија/Полска.

Здравко Стојмиров

Претставата „Фетишист“ има за цел да ни ја претстави извртената реалност на еден живот што бивајќи свртен наопаку, поради тешките услови од војните од минатото, личните неуспешни борби, притисокот од општествените вредности и наметнатата реалност- ни ја прикажува единствената можност за постоење на еден човек, кој иако изгубен во реалноста, одлично живее во својот замислен свет и успева да најде задоволство во живеењето, каде самиот се обидува да ја создаде својата среќа и покрај сите непријатности кои го следат.

Здравко Стојмиров

Ова е апсурдна приказна за еден, не баш обичен човек кој се обидува да се справи со сите предизвици низ неговиот - не така прост и едноставен живот, полн со мрачни нагони и неочекувани задоволства и ни ја прикажува неговата немоќ пред таканаречената судбина, како нешто кое не секој го поседува и потешкотиите во животот на оние кои ја поседуваат. Овој трагикомичен лик кој уште од почеток е осуден на неуспех, не води низ неговата длабока фантазија, за која може да се каже дека би создала еден прекрасен живот, доколку самата судбина не би била замешана во него како една конечна и непроменлива константа во сите можни варијанти на постоење.

Музиката за претставата ја направи Пеце Трајковски Брада. Оваа претстава беше изведена на јубилејното 25. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27061 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.