Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Дениз Ричардс ја претстави својата посвоена ќеркичка

ФОТО: Дениз Ричардс ја претстави својата посвоена ќеркичка

Дениз Ричардс е заљубена во својата нова ќерка. 40-годишната актерка ја покажа својата мала посвоена ќерка Елоиз за списанието Us Weekly и со многу љубов проговори за проширувањето на нејзиното семејство.

„Таа ни донесе толку многу радост и ја сакам премногу. Сака да ја држиме во рацете и да ја прегрнуваме. Таа е толку убаво мало бебе и мала душа“ – изјавила таа.

Елоиз и ДенизДениз со посвоената ќерка

Дениз признала дека процесот на посвојување не бил лесен и траел две години. „Некои луѓе мислат дека ако некоја славна личност сака бебе, го добива наредниот ден. Посвојувањето траеше две години. Имаше моменти кога се обесхрабрував, моменти кога бев толку блиску и кога сè ќе пропаднеше. Но, знаев дека правилното бебе ќе нè пронајде“ – раскажала гордата мајка.

Познатата актерка има две ќерки од бракот со Чарли Шин и признала дека Шин постојано ја поддржувал. „Разговараме секој ден. Тој ја запозна. Знае колку многу сакам деца, па многу ме поддржуваше. Чарли искрено е среќен за мене. Знае дека отсекогаш сакав уште деца“ – рекла Дениз.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.