Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Данско списание шокира со вознемирувачки слаба манекенка

ФОТО: Данско списание шокира со вознемирувачки слаба манекенка

Данското списание „Cover“ предизвика лавина негативни критики откако објави фотографија со преслаба манекенка.

Слаб модел

Шокантната фотографија крена огромна врева, па уредничката на списанието јавно се извини. „Труп или модел?“, „Реклама за анорексија“... острите коментари и многуте дискусии кои се отворија за нарушувањата во исхраната ја принудија главната уредничка да ја признае својата грешка.

Во својата порака до читателите, Малене Малинг признала дека фотографијата не требало да биде испечатена и дека искрено жали што го дозволила тоа.

„Сите овие години работевме за да покажеме проширен идеал за убавината. Да покажеме дека можеш да бидеш убав, без оглед на возраста и големината. Секогаш се стремевме да работиме со здрави девојки“ – се вели во нејзината порака.

Списанието ја разбуди лутината на своите читатели и откако избриша добар дел од негативните коментари на социјалните мрежи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 10977 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.