Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Внуката на легендарната Грејс Кели во едиторијал за „Harper’s Bazaar“

ФОТО: Внуката на легендарната Грејс Кели во едиторијал за „Harper’s Bazaar“

Внуката на легендарната Грејс Кели беше поканета од „Harper’s Bazaar“ за снимањето на моден едиторијал инспириран од стариот Холивуд.

Џазмин Грејс Грималди е повозрасното вонбрачно дете на принцот Алберт Втори, кој е син на Грејс Кели и принцот Рение Трети. Алберт јавно не ја имаше признаено Џазмин како своја ќерка сè до 2006 година.

„Имав 14 години и се подготвував за средно училиште кога во медиумите одекна веста дека татко ми има ќерка и дека тоа сум јас. Знаев дека еден ден ќе се случи тоа“ – рекла Џазмин и дополнила дека нејзината мајка Тамара Ротоло никогаш не ја криела од неа вистината за нејзиниот татко.

Џазмин Грејс Грималди Џазмин Грејс Грималди

23-годишната девојка сега редовно патува во Монако за семејни средби. Неодамна таа присуствуваше на крштавката на близначињата Жак и Габриела (децата на принцот Алберт и принцезата Шарлин). „Едвај чекам да им бидам сестра и да ги гледам како растат“ – коментирала Џазмин.

Џазмин Грејс Грималди

На фотографиите, Џазмин носи креации од Мајкл Корс, Долче и Габана, Вера Ванг, Ралф Лорен и Каролина Ерера. Иако е во роднинска врска со Грејс Кели, многумина посочуваат дека Џазмин физички многу наликува на друга славна личност – Лејди Гага.

Џазмин Грејс Грималди Џазмин Грејс Грималди

Ова е прво интервју на Џазмин, но веројатно уште многупати ќе слушаме за неа, бидејќи започнува кариера како актерка и пејачка.

Грејс КелиНезаборавната Грејс Кели

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11183 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.