Бела Хадид викендов престојуваше во Дубаи, по повод промотивен настан за декоративната козметика на Диор.
Паузите од професионалните ангажмани, славниот модел ги искористи за скокање од авион и релаксација со пријатели, за што сведочат нејзините видеа и фотографии од Instagram.