Веќе извесен период Backstreet Boys настапуваат на брод за крстарење. Популарниот машки бенд, кој го освои светот во 90-тите години, последниот настап им го посвети на колешките од поранешната женска група Spice Girls.
Момците од Backstreet Boys се облекоа како девојките од Spice Girls и пееја нивни песни.
Ник Картер беше облечен како Ема Бантон, Еј Џеј Меклин ја „копираше“ Мел Би, Кевин Ричардсон се „маскира“ во Викторија Бекам, Хауи Дороу се обиде да изгледа како Џери Халивел, а Брајан Литрел стана Мелани Си.
Погледнете како бендот ги забавуавше гостите на бродот: