Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Бритни Спирс со синовите и внуката на доделувањето на „Teen Choice Awards“

ФОТО: Бритни Спирс со синовите и внуката на доделувањето на „Teen Choice Awards“

Бритни Спирс беше почестена со наградата Модна икона на доделувањето на „Teen Choice Awards“. На свеченоста, славната пејачка се појави со синовите Џејден Џејмс и Шон Престон, брат си Брајан и неговата ќерка Лекси.

Со широка насмевка Бритни позираше пред фоторепортерите заедно со своето семејство.

Бритни Спирс Бритни Спирс

За манифестацијата во Лос Анџелес, музичката ѕвезда избра креација од есенската колекција на Mikael D. Својот стилски избор Бритни го надополни со сребрени сандали Le Silla и накит од Jennifer Meyer.

Бритни Спирс Бритни Спирс Бритни Спирс

„Отсекогаш сакав да експериментирам со модата. Таа ни дава шанса да се изразиме себеси и својата личност и да блеснеме на свој сопствен начин“ – изјави таа за време на примањето на наградата. „Бидете бестрашни во вашиот избор и не се плашете да бидете тоа што сте“ – додаде Спирс.

Бритни Спирс Бритни Спирс Бритни Спирс Бритни Спирс Бритни Спирс Бритни Спирс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11207 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.