Бредли Купер и Ирина Шајк го чуваа приватниот живот подалеку од медиумското внимание, а сега холивудскиот шармер за првпат ја понесе со себе ќеркичката Леа на јавен настан.
44-годишниот актер и режисер заедно со слаткото девојче ја проследи свеченоста за доделувањето на наградата „Марк Твен за американски хумор“ во Кенеди Центарот во Вашингтон.




Бредли и Леа беа фотографирани од папараците и додека се упатуваа на свеченоста.





Леа е единственото дете на Ирина и Бредли, кои се разделија во јуни оваа година. Тие беа заедно четири години.


