Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Бијонсе разголена и провокативна за „GQ“

ФОТО: Бијонсе разголена и провокативна за „GQ“

Вчера на интернет се појави насловната страница на февруарското издание на „GQ“ на која позира Бијонсе во гаќички и кратка маичка. Фотографијата молскавично се распространи и предизвика голем интерес, па уредниците на списанието одлучија да ги почестат љубопитните фанови со повеќе фотографии, и тоа порано од планираното.

„Ја прогласивме за број 1 најжешка жена на 21. век. Ви треба доказ? Еве зошто...“ – пишуваат уредниците на списанието.

Бијонсе Бијонсе

За фотографиите Бијонсе позира во минимална дизајнерска облека, покажувајќи ги своите облини. Провокативната фотосесија е дело на славниот фотограф Тери Ричардсон.

Спортските вибрации на фотосесијата не се изненадување ако се земе предвид фактот дека 31-годишната музичка ѕвезда наскоро планира голем настап на полувремето на Super Bowl.

„Една од причините поради кои се поврзав со Super Bowl е тоа што им пристапувам на моите настапи како спортист. Знаете како тие седнуваат и гледаат со кого ќе играат и се проучуваат себеси? Така правам и јас. Ги гледам моите настапи и посакувам да можам да уживам во нив, но го гледам светлото кое задоцнило. Си велам Ох, Господе таа фризура не ми помага или си велам: Никогаш повторно не треба да го правам тоа. Се обидувам да се усовршам. Сакам да растам“ – изјавила таа во интервју за списанието.

Бијонсе Бијонсе

Покрај настапот на Super Bowl, наредниот месец Бијонсе ќе објави документарен филм за себе и за своето семејство, а наскоро планира турнеја за новиот албум кој треба да се појави на почетокот на април. Многумина би рекле дека Бијонсе е незапирлива. И нема да се далеку од вистината.

„Работев многу напорно во детството за да ја постигнам следнава цел: Да можам да правам што сакам до моментот кога ќе наполнам 30 години. Го постигнав тоа. Многу сум среќна што сум во оваа позиција. Но, жртвував многу нешта и работев понапорно од веројатно сите што ги познавам, барем во музичката индустрија. Па, морам да се потсетувам дека го заслужувам ова“ – вели таа.

Бијонсе

Бијонсе е свесна за огромниот успех кој го има постигнато, но и за тоа колку е влијателна. „Го знам тоа, да, јас сум моќна. Јас сум помоќна од тоа што може мојот мозок да смисли и разбере“ – рекла таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11353 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.