Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Бијонсе купила сандали со дијаманти кои чинат 285.000 евра

ФОТО: Бијонсе купила сандали со дијаманти кои чинат 285.000 евра

Бијонсе потрошила мало богатство на скапоцени сандали. Музичката ѕвезда платила 200.000 фунти (речиси 285.000 евра) за обувки со дијаманти од „House of Borgezie“.

„Ми кажаа дека штиклите се за следното видео кое ќе биде објавено наесен“ – изјавил Крис Шелис, сопственикот на „House of Borgezie“, за британскиот медиум Birmingham Mail. Тој дополнил и дека Бијонсе е клиентка од фантазиите.

Декорирани со 1.310 дијаманти, обувките „Princess Constellation“ се инспирирани од песната „Diamonds on the Soles of Her Shoes“ на американскиот музичар Пол Сајмон, а се дело на британскиот дизајнер Кристофер Мајкл Шелис.

Сандали Сандали Сандали Сандали

Цели две години биле неопходни за да се финишира самиот дизајн на сандалите, а изработката на еден пар трае три седмици. Досега се продадени само два пара. Едниот купувач е од Дубаи.

Бијонсе

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9479 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.