Бијонсе со пет костими ја покажа својата почит кон Лил Ким. Музичката ѕвезда се инспирираше од повеќе стајлинзи на Лил Ким за Халовин.
„Хип-хопот немаше да биде ист без нашата оригинална Кралица Б“ – напиша Бијонсе на својот сајт и ги објави сите свои маски.



Лил Ким не остана без коментар. „Останав без зборови и сум почестена“ – изјави славната раперка за костимите на Бијонсе.














