Адам Левин и Беати Принсло го искористија убавото време за да одат на прошетка со своите две мали ќерки.
29-годишниот ангел на Victoria’s Secret и 39-годишниот пејач беа фотографирани за време на нивната семејна дружба во Лос Анџелес, Калифорнија. На фотографиите, славната манекенка ја носи 4-месечната Џо Грејс во кенгур, додека фронтменот на Maroon 5 ја турка количката со едногодишната Дасти Роуз.
Парот постојано е следен и фотографиран од неуморните папараци.
Беати и Адам се во врска од мај 2012 година. Две години подоцна, тие стапија во брак.