Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Арнолд Шварценегер и Дени ДеВито 27 години по филмскиот хит „Twins“

ФОТО: Арнолд Шварценегер и Дени ДеВито 27 години по филмскиот хит „Twins“

Омилените близнаци од филмското платно се сретнаа во Хамбург, Германија. Арнолд Шварценегер и Дени ДеВито, кои пред 27 години го насмеаја светот со хумористичниот филм „Twins“ (Близнаци), застанаа заедно пред германската публика на доделувањето на наградите Златна камера.

70-годишниот ДеВито му ја додели наградата за животно дело на својот 67-годишен колега.

Арнолд Шварценегер и Дени ДеВитоАрнолд Шварценегер и Дени ДеВито во Хамбург Арнолд Шварценегер и Дени ДеВитоШварценегер и ДеВито во „Twins“ и сега

Шварценегер со инспиративен говор ги охрабри сите оние кои сонуваат да успеат во филмската индустрија да не се откажуваат, а потоа му се заблагодари на ДеВито што секогаш стоел до него.

Арнолд Шварценегер и Дени ДеВито Арнолд Шварценегер и Дени ДеВито

За фановите на „Twins“, добра вест е што постојат големи шанси наскоро да започне снимањето на „Triplets“, продолжение во кое Шварценегер и ДеВито ќе го пронајдат својот трет брат (Еди Марфи). Иако проектот привремено е паузиран, се шпекулира дека Универзал Студио ќе ја изненади публиката со посакуваното продолжение.

Арнолд Шварценегер и Дени ДеВито

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.