Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Анџелина Џоли за првпат фотографирана во јавност по разводот со Бред Пит

ФОТО: Анџелина Џоли за првпат фотографирана во јавност по разводот со Бред Пит

Откако поднесе документи за развод од Бред Пит, Анџелина Џоли се посвети на децата и приватниот живот.

Додека славните актери водат војна за старателството над шесте деца Медокс, Пакс, Захара, Шајло, Вивиен и Нокс, Анџелина беше фотографирана во Лос Анџелес. 41-годишната холивудска ѕвезда и две од децата беа видени пред хотелот Бел Ер.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Според информациите до кои стигнаа странските медиуми, Џоли е во потрага по дом во Лос Анџелес за децата да продолжат да имаат близок однос со Пит.

Анџелина побара развод во септември. Како причини за разводот беа наведени конфликти околу децата, злоупотреба на супстанции и проблеми со контролата на бесот.

Пит беше под истрага од полицијата и социјалните служби на Лос Анџелес за вербално и физичко малтретирање на децата. Сепак, на крајот беше установено дека нема основа за поднесување пријава.

Засега децата живеат со Анџелина. Бред има право повремено да ги посетува, а на нивните средби секогаш присуствува терапевт.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 12%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 16621 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.