Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Класична елеганција: Селена Гомез пленеше во Њујорк со минималистички стајлинзи

Класична елеганција: Селена Гомез пленеше во Њујорк со минималистички стајлинзи

Иако во септември најчесто летната гардероба се заменува со потопла облека и слоевити комбинации, Селена Гомез покажа дека мини фустаните секогаш се во игра.

За време на промотивната турнеја за новата сезона на нејзината серија „Only Murders in the Building“, популарната актерка и пејачка пленеше во две различни креации од модната куќа Jacquemus.

Црвениот плетен фустан со висока јака и ракави до лактите, изработен од мерино волна, идеално балансира меѓу удобност и елеганција. Впечатливиот стајлинг таа го комплетираше со лакирани црвени обувки од Christian Louboutin.

Селена Гомез Селена Гомез Селена Гомез

По повод промотивните активности во Њујорк, Гомез носеше и мал црн фустан со превиткана јака и суптилни метални детали на рамото и повторно остана верна на минимализмот, носејќи црни сандали и ненаметливи аксесоари.

Селена Гомез Селена Гомез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28916 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.