Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Сите мајки се добри, но само една ме сака бескрајно“: Дац со емотивна објава ѝ честита роденден на мајка си

„Сите мајки се добри, но само една ме сака бескрајно“: Дац со емотивна објава ѝ честита роденден на мајка си

Драган Спасов - Дац уште еднаш покажа дека зад неговата харизматична насмевка и духовитост стои човек со големо срце и силни семејни врски. По повод 81-виот роденден на неговата мајка Лидија, тој сподели стара семејна фотографија од детството на којашто се во нежна прегратка.

Со емотивна порака напишана во негов стил, познатиот актер и музичар ѝ оддаде почит на жената која, како што самиот потенцира, му е вечна поддршка и голема инспирација во животот.

Постот предизвика многу реакции и коментари од пријатели и обожаватели, кои му се придружија со роденденски честитки за Лидија.

Драган Спасов - Дац

Денеска ѝ е роденден на мојата мајка. Но оваа мајка не е како другите мајки, ова мајка решила да ме роди баш мене и да стане моја мајка.

Мојата мајка се вика Лидија и таа е најдобрата и најубавата мајка на светот. Јас сум нејзината среќа, нејзината љубов, нејзиниот најсакан син и секогаш кога ќе ме погледне нејзините очи зрачат со љубов.

Можам да ја препознаам по мирисот и по топлината на нејзината рака, по насмевката и по добрината во гласот. Е баш таа мајка е мојата мајка која решила да ме одгледа оваков каков што сум.

Сите мајки на светот се добри но само една ме сака бескрајно.

Среќен роденден мајко моја!

(Посветено на сите мајки, посебно на мојата)

Драган Спасов - Дац Драган Спасов - Дац

Минатата година Лидија го прослави својот јубилеен 80-ти роденден во кругот на најблиските.

Драган Спасов - Дац Драган Спасов - Дац

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28923 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.