Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Адријана Лима повторно е бремена

ФОТО: Адријана Лима повторно е бремена

Адријана Лима и Марко Јариќ го очекуваат своето второ дете. 30-годишната бразилска убавица ја соопшти радосната вест и на Facebook.

„Мојата најомилена работа на цел свет е да сум мајка! Моето семејство е пресреќно што може да ви ја соопшти оваа вест!“ – напиша таа и објави линк до веста за нејзината бременост објавена на People.

Адријана Лима

Лима, која е мајка на двегодишната Валентина, за People изјавила: „Целото семејство е многу возбудено, особено Валентина. Постојано испраќа бакнежи кон мојот стомак и вели – бакнежи за бебето“.

Марко, Адријана и ВалентинаМарко, Адријана и Валентина

Лима и кошаркарот Јариќ се запознале во 2006 година и познатата манекенка веднаш знаела дека тој е мажот на нејзиниот живот. „Знаев дека тој е вистинскиот и можев да се замислам мажена за него и со големо семејство“ – изјавила таа за првата средба.

Заљубениот пар стапи во брак на Св. Валентин во 2009 година. Набрзо по нивниот меден месец тие се израдуваа со веста за првата бременост на Лима.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12019 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.