Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Адријана Лима и Марко Јариќ објавија дека се разделуваат

Адријана Лима и Марко Јариќ објавија дека се разделуваат

Адријана Лима и Марко Јариќ се разделуваат по пет години брачен живот. Познатиот пар ја објави разделбата преку соопштение објавено од „People“.

Адријана Лима и Марко Јариќ

„По долго и внимателно размислување, одлучивме да се разделиме по пет години брак. Благодарни сме што сме родители на две неверојатни млади ќерки кои ќе продолжиме да ги растеме заеднички. Многу би ни значело да ја почитувате приватноста на нашето семејство додека го започнуваме ова деликатно поглавје за сите членови на семејството“ – се вели во соопштението на парот.

Бразилската убавица се запозна со кошаркарот Јариќ во 2006 година, а две години подоцна се свршија на 27-миот роденден на славната манекенка. Парот стапи во брак на романтична приватна церемонија на Св. Валентин во 2009 година, а во ноември истата година Лима ја роди нивната прва ќерка, Валентина. Во септември 2012 година тие ја добија и втората ќерка, Сиена.

Адријана Лима и Марко Јариќ Адријана, Марко и малата Валентина во 2010 година

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10399 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.