Џенифер Анистон е во нова врска. Ѕвездата од Friends ги разгоре шпекулациите дека има нова љубов откако беше фотографирана со Џим Кетрис на одмор во Шпанија, а странските медиуми ја потврдија нивната романса.
56-годишната актерка беше фотографирана со популарниот хипнотизер, автор и животен тренер на јахта со пријатели. Новиот пар уживаше во убавините на Мајорка и си разменуваше нежности.
Двојката патува заедно со поголемо друштво во кое се и актерот Џејсон Бејтман и неговата сопруга.








Анистон, која беше во брак со Бред Пит од 2000 до 2005 година и со Џастин Теру од 2015 до 2018 година, во изминатиов период вешто го криеше љубовниот живот од јавноста.
