Принцезата Кетрин, принцот Вилијам, принцезата Шарлот и принцот Џорџ од кралската ложа го проследија финалето на Вимблдон во машка конкуренција.
Претставниците на британското кралско семејство со аплауз беа дочекани меѓу публиката на мечот помеѓу Јаник Синер од Италија и Карлоз Алкараз од Шпанија.





Шармантната принцеза традиционално зачекори на теренот за да му го додели трофејот на победникот. За спортскиот настан, таа избра мастилесто-син фустан и кафеави салонки.
Кетрин им честита и на двајцата финалисти и му го врачи трофејот на Синер.















