Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Адријана Лима вежба по 6 часа дневно за шоуто на „Victoria’s Secret“

ФОТО: Адријана Лима вежба по 6 часа дневно за шоуто на „Victoria’s Secret“

Убавото тело на Адријана Лима не е случајност. Убавата Бразилка вежба напорно за да има фигура на која сите жени ѝ завидуваат. Нејзините тренинзи се напорни, особено сега на неколку седмици пред шоуто на „Victoria’s Secret“.

Адријана Лима

Верувале или не, Адријана вежба по 6 часа дневно за да го обликува своето тело и да влезе во долната облека на VS. Лима се породи на 12 септември, а веќе на 7 ноември ќе зачекори на модната писта, па убавиот ангел активно работи на својот изглед.

Адријана Лима

Нејзиниот тренер, Мајкл Олаџиде Џуниор, открил дека Адријана вежба со него 2 пати дневно, секој ден без исклучок, или поточно 42 часа неделно.

Лима и МајклЛима и Мајкл за време на тренинг

„Вежбам со неа двапати дневно, седум дена неделно. Целта на Адријана е иста како и на секоја здрава жена, т.е. да се врати во формата од пред пораѓањето“ – изјавил тој.

Адријана Лима

Мајкл открил дека Адријана слабее со скокање на јаже и боксирање, без фитнес машини и тегови. Секој од тренинзите трае 2-3 часа.

АдријанаАдријана блескаше на ланската ревија

Препораките на Мајкл се:

  1. Вежбајте кардио.
  2. Направете си здрав план за хранење.
  3. Наспијте се добро.

Бонус: Вашите вежби треба да се предизвик и за телото и за умот.

Погледнете ја Адријана во акција (видеото е снимено пред раѓањето на втората ќерка):

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.