Адел продолжува со викенд-концертите во Лас Вегас. 34-годишната пејачка ќе носи креации направени специјално за неа на секое од музичките настани, кои ќе се одржуваат пет месеци.
Овој пат, изборот падна на фустан од модната куќа Живанши. Станува збор за креација која го прегрнува женското тело и ги истакнува облините, а блескавиот детал додава доза гламур во целиот изглед на музичката ѕвезда.










