Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: 81-годишната Џоан Колинс е отмена дама на SAG Awards

ФОТО: 81-годишната Џоан Колинс е отмена дама на SAG Awards

Џоан Колинс и во деветтата деценија од животот изгледа гламурозно и моќно како во серијата „Династија“.

81-годишната актерка гордо позираше на црвениот тепих на SAG Awards во блескав црн фустан со висок шлиц. Како вистинска отмена дама, Колинс носеше долги ракавици.

Џоан Колинс Џоан Колинс Џоан Колинс Џоан Колинс Џоан Колинс

Славната актерка присуствуваше на свеченоста со 49-годишниот сопруг Перси Гибсон. „Ова е мојот петти брак и конечно мојот најсреќен брак. Перси е прекрасен, тој е мојата сродна душа. Тоа не значи дека не се караме, но многу добро се разбираме“ – изјави неодамна Џоан.

Џоан Колинс

Иако гласините дека Колинс има легнато под нож не стивнуваат, холивудската ѕвезда, која ќе остане запаметена по улогата на Алексис Карингтон, тврди дека се плаши од пластичната хирургија. „Имам размислувано за тоа. Си ја затегнувам кожата на лицето и си велам: Нели би изгледала подобро вака? Но, премногу се плашам... Не сакам да изгледам како пластична Барби кукла“ – признала таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10341 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.