Џенифер Лоренс ги замени високите потпетици со удобни ниски апостолки на премиерата на филмот „Anatomy of a Fall“ во Кан.
32-годишната актерка, која двапати има паднато на свечености, овој пат им кажа „Не“ на неудобните чевли. Лоренс на црвениот тепих зачекори со стил во црвена гламурозна креација од Диор, па ретко кој можеше да го забележи нејзиниот невообичаен избор на обувки.













Убавата филмска ѕвезда имаше две „оскаровски“ паѓања. Во 2013 година падна додека се качуваше на бината да ја прими наградата Најдобра актерка, а една година подоцна, таа падна на оскаровскиот црвен тепих, носејќи ултра високи потпетици.

