Фахрие и Бурак Озчивит го прославија шестиот роденден на поголемиот син.
Популарниот турски пар му организираше забава на тема фудбал на слаткиот славеник Каран.
38-годишната актерка од серијата „Кога лисјата паѓаат“ и 40-годишниот актер од „Величествениот“ насмеани позираа покрај своите две деца. Фахрие изгледаше атрактивно во комбинација со високи чизми.
„Среќен роденден скапоцен мој Каран“ – напиша Фахрие.













Бурак и Фахрие стапија во брак во Истанбул на 29 јуни 2017 година. Каран се роди во 2019 година, а неговиот брат Керем во 2023 година.
