Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Турската актерка Фахрие Евџен беше мета на критики за покачената тежина по породувањето, па доби огромна поддршка на Twitter

Турската актерка Фахрие Евџен беше мета на критики за покачената тежина по породувањето, па доби огромна поддршка на Twitter

Фахрие Евџен се соочи со злобни коментари поврзани со нејзината тежина. 33-годишната турска ѕвезда доби критики за покачените килограми по раѓањето на нејзиното прво дете откако беше фотографирана на одмор во Бодрум и на аеродром.

Фахрие Евџен Фахрие Евџен Фахрие Евџен Фахрие Евџен

Убавата актерка, позната по улогата на Неџла од „Кога лисјата паѓаат“, не даде свој коментар, но доби огромна поддршка на социјалните мрежи.

Twitter корисници ѝ упатија многу комплименти на Фахрие, а во своите постови го поставија хаштагот #fahriyeçokgüzelsin, што значи „Фахрие многу си убава“.

„Дали сте вие толку убави за да ја критикувате Фахрие? Како можете толку брутално да критикувате мајка која штотуку родила дете? Без разлика што велите, таа е прекрасна мајка, сопруга, жена...“

„Се надевам дека не те засегаат туѓите зборови. Ти си убава секако.“

Ти ја заслужуваш сета љубов и среќа на овој свет. Не дозволувај никому да ти каже како треба да изгледаш или однесуваш бидејќи ти си прекрасна личност. СО ЉУБОВ.“

„Ти си одлична мајка.“

„Има убавина во тоа да се биде мајка. Поголема одговорност, храброст и среќа. Критикуваат девојки кои не можат да излезат од дома без шминка.“

„Зошто го гледате само негативното, дека таа се здебелила. Зошто не ја гледате позитивната страна, дека таа е мајка која блика од среќа.“

Фахрие е во брак со актерот Бурак Озчивит со кого стапи во брак во јуни 2017 година. Нивното синче Каран се роди во април оваа година.

Фахрие Евџен Фахрие Евџен Фахрие Евџен

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11131 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.