Мерјем Узерли се врати во одлична форма по раѓањето на второто дете. Славната актерка, која кај нас е позната како Хурем Султан од „Величествениот“, шармираше на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Москва.
На свеченоста, филмската ѕвезда зачекори во црна креација со пердуви. Фустанот од Yanina Couture, Узерли го надополни со блескав накит од Chopard.







На манифестацијата се одржа премиерата на новиот филм на Узерли, „Kovan“.
Мерјем ја роди втората ќеркичка во јануари оваа година. Таа има и 6-годишна ќерка од претходна врска.