Мерјем Узерли беше гостинка на галата „TIME100“, посветена на 100-те највлијателни лица во светот за изминатата година.
На црвениот тепих во Дубаи, 38-годишната турска актерка носеше фустан со ултра високи шлицови од Zuleyha Kuru. Филмската ѕвезда, позната по улогата на Хурем Султан во „Величествениот“, во својот стајлинг додаде чантичка од Serena Uziyel.





На настанот, Узерли позираше со Тајра Бенкс, Депика Падуконе и Ицијар Итуњо, која ја глумеше Ракел Мурињо (Лисабон) во хит-серијата „La Casa De Papel“.





