Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Тој ми е сè“: Неда Арнериќ почина 10 дена пред годишнината од смртта на нејзиниот сопруг кој лани ја изгуби битката со рак

„Тој ми е сè“: Неда Арнериќ почина 10 дена пред годишнината од смртта на нејзиниот сопруг кој лани ја изгуби битката со рак

Неда Арнериќ замина во легендите. Српската актерка беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Белград. Имаше 66 години.

Неда Арнериќ

Арнериќ почина 10 дена пред годишнината од смртта на нејзиниот трет сопруг Милорад Мештеровиќ. По долга борба со ракот, тој издиша за последен пат во јануари минатата година.

„Тој ми е сè, син, брат, маж, татко, љубовник и пријател. Многу сум среќна што издржавме заедно. Имаше разни чуда, не бевме светци, но бевме најдобри пријатели... Кога умре, остана само тага“ – има изјавено Неда за Милорад, со кого беше во брак повеќе од 35 години.

Неда Арнериќ

Арнериќ има импозантна биографија. Во текот на својата петдецениска кариера, таа има снимено над 100 филмови, меѓу кои: „Ko to tamo peva“, „Исправи се, Делфина“, „Višnja na Tašmajdanu“, „Užička republika“, „Sutjeska“ и „Varljivo leto ’68". Исто така, Неда била дел од околу 40 театарски претстави.

На само 13 години, таа ја доби првата филмска улога во филмот „San“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11131 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.